Квасецот го ставаме да стаса во млако млеко.
Брашното го ставаме во длабок сад и го додаваме ситно сечканиот путер, стасаниот квасец, па шеќерот и солта, една белка (жолчката ја тргаме за премачкување).
Месиме со рака додека да добиеме средно меко тесто, потоа го оставаме да отстои 20 минути на топло место.
Од тестото се сука кора со дебелина од 0,5 см и се мачка со фил од едно изматено јајце измешано со 400 г урда или сирење.
Се витка во ролна и се сече како ролат на парчиња од 4 см.
Парчињата се редат во подмачкан плех едно до друго и се оставаат да нараснат.
Откако погачата ќе стаса, се премачкува со жолчката и се посипува со сусам. Се остава повторно да стаса, а потоа се пече на 180°Ц додека убаво не зарумени.
Погачате е приложена со ситни проички.

Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани