Вкусна, мека, декоративна погача.

Во садот во кој ќе месиме го просејуваме брашното.
На средина правиме вдлабнатинка и го рониме квасецот, додаваме 1 лажиче шеќер и малку млеко за да го раствориме квасецот.
Чекаме да се активира па ги додаваме останатите состојки по ред и замесуваме средно меко тесто со додавање на топлото млеко.
Кога убаво ќе го измесиме тестото го удираме од работната маса некои 50 -на пати.

Тестото го делиме на 8 дела.
Од секој дел отвораме кора колку плитка чинија.Ја премачкуваме со маргарин.
(Вкупниот маргарин го делиме на 2 дела, бидејки во 2 наврати го премачкуваме тестото.)Ја виткаме во полжавче.Видете на дополнителните фотографии за појасно.Ги оставаме да одморат 15-20 мин..

Потоа секое полжавче го расукуваме во кора, пак со големина на плитка чинија.
Секоја се премачкува со маргарин и се редат една врз друга.Последната не се премачкува.Повторно се оставаат да одморат 15-20 мин.

После тоа време со оклагија отвораме голема кора, која ја делиме на 16 дела.

На секој дел ставаме по малку сенф, пипер и дел од виршла.Секој дел го виткаме во кифла.
Добиваме 16 кифли, кои ги сечеме на пола и добиваме 32 дела.

Секој дел со поширокиот крај го ставаме во намрсено тенџере (со пречник од 28 цм. )со маргарин кон ѕидот на тенџерето.Редиме 3 круга и 1 дел во средина.

Оставаме да надојди оформената погача околу 45 мин..

Ја премачкуваме со разматено јајце и наросуваме со сусам.

Ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од околу 40 мин..

После печење премачкуваме со малку маргарин.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани