Во брашното ставете сол, шеќер, маргарин, јајце, топло млеко, сув квасец и замесете тесто. Оставете го да стаса 1 час на топло место.
Чадената сланина исечете ја на ситни коцки.
Стасаното тесто поделете на 6 топчиња.
Од секое топче рассукајте во кора, ставете врз кората чадена сланина, завиткајте во ролат. Ролатот исечете го на средина и оставете малку на крајот не сечено.
Сплетете плетенка. Ставете ги плетенките во тепсија и оставете да нараснат. Околу 20 минути. Премачкајте ги плетенките со јајце и наросете со сусам.
Ставете да се печат на 250 степени околу 30-40 минути.
Готовите плетенки покријте малку со крпа.
Многу вкусни и убави, пробајте!
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани