Плетенка со прекрасен вкус и изглед е мојот денешен предлог.

Во вангличка ги ставаме шеќерот, ванилата, јајцето, маслото и свежото сирење или киселата павлака.
Со миксер многу кратко ги соединуваме.
Го додаваме брашното, пецивото и замесуваме мазно, нелепливо тесто, кое го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме 20-30 минути во фрижидер.
Сега во еден сад ги соединуваме мелените лешници, какаото,шеќерот и циметот.
Додаваме постепено од млекото, не смее смесата да биде многу течна,туку онолку колку да моше да се размачка по тестото.
Го вадиме тестото од фрижидер и сучиме правоаголна кора, на побрашнета работна маса.
Ја премачкуваме со подготвениот фил од лешници.
Завиткуваме ролат.
По должина ролатот го сечиме на два дела.
Меѓу себе ролатите ги испреплетуваме.
Вака подготвената плетенка ја ставаме во долгнавест калап за леб кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 35 минути на одприлика 200 с.- секој си ја познава својата рерна.
Испечената плетенка ја вадиме на решетка да се излади, па ја сечеме на парчиња и послужуваме.
По желба може да се нароси и со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани