Вкусни и здрави плескавици.
Најпрво, излупете го компирот, па исечете го на покрупни парчиња. Налејте го со вода и ставете го на оган да се вари. Откако ќе започне да врие водата, во неа додајте ги и парчињата брокула и карфиол. Доварете се заедно плус уште пет минути, па зеленчукот исцедете го од водата и оставете го да излади.
Потоа, со ренде изрендајте го обарениот зеленчук. Во зеленчукот додајте го путерот, кефирот и јајцето, па промешајте се заедно. Потоа, додавајте од брашното и на крај прашокот за печиво. Зачинете и посолете по вкус.
На многу малку намрснето тавче за палачинки и на слаб оган, ставете ги плескавиците да се печат. Истурајте ги со помош на лажица.
Доколку ви се растураат, во смесата, додајте уште малку брашно.
Печете ги од двете страни додека не заруменат.
За посна варијанта, наместо кефир, додадете кисела вода, а наместо путер, две- три лажици маслиново масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови