Гравот и оризот убаво сварете ги, изгмечете ги со вилушка. Во смесата додајте презла, зачини, лукче и кромидче ситно изрендано.
Печурките испржете ги.
Половина од смесата ставете ја на чинија или калапче, врз смесата ставете ги печурките и покријте со другиот дел од смесата. Така ќе добиете една голема плескавица полнета со печурки.
Плескавицата извалкајте ја во презла и пржете во загреано масло.
Послужете со кечап.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани