Редоследно со жица за матење се машаат состојките за корите.
Потоа се рендаат саламата и кашкавалот и се мешаат со ориганото и биберот.

Се постилаат две кори со извадени рабови надвор од тепсијата со број 28.
Па се редат по 3 гужвании кори кои со лажица се попрскуваат од смесата.

Во зависност од бројот на корите, постапката со гужваните кори се повторува или ако се помалку врз нив се распоредува половина од кечапот и половина од филот.

Повторно се редат по 3 гужвани кори и постапката се повторува на истиот начин како претходно.
На крај, последната една или две кори колку ќе ви останат се распоредуваат рамно.
Битното е да не заборавите секоја кора која ќе се постави да се попрска со смесата за кори.

Одозгора питата обилно се премачкува со масло и по желба можи да се попрска со малку кисела вода иако не е обавезно.

Печете во зависност од силата на вашата рерна. 180-200С 30-40 минути. Добро е ако има потреба потоа да го оставите уште малку во исклучена рерна, кое пак ќе кажам зависи од самата сила на рерната како претходно испекла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани