Идеја како да подготвите брзо, но превкусно јадење... дефинитивно за нас е поубаво од класичната пица...
Секоја тортиља најпрво премачкајте ја со кечап, зачинете ја со оригано, бибер, сув или свеж босилек па одозгора ставете или рендан кашкавал или сечена моцарела.
Одозгора наредете сувомеснато по желба или што имате во фрижидерот.
Обавезно одозгора испрскајте ја со малку масло, така вкусот ќе и биде многу поубав.
Печете во силно загреана рерна неколку минути. На крајот ви останува или да ја завиткате готовата тортиља во ролна или да ја исечете на парчиња и да уживате во неа .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови