Многу едноставен и брз начин на подготовка на пица тортиљи, кои одлично се вклопуваат како брзо топло мезе за друштво или едноставно за појадок или вечера.

1. Печурките ги сецкаме на помали парчиња и ги запржуваме. Ги оставаме да се издинстаат во сопствениот сок што го пуштаат и на среден оган оставаме водата да испари.
2. Се додава ситно сецкан кромид и се запржува заедно со печурките.
3. Кога ќе омекне кромидот, се додаваат и доматите пелати, заедно со сосот од конзервата и се притискаат со вилушка, за да се создаде повеќе сос. Оставете кратко да се издинста сосот, за да нема многу течност филот.
4. Земаме една тортиња и на еден крај ставаме 2 полни лажици од филот и една рака рендан кашкавал.
 Одберете било кој кашкавал кој се топи, според ваш вкус.
5. Тостиљата се витка како сармичка и на крајот се премачкува со густа смеса од брашно и вода, која служи како „лепак“.
6. Наредете ги во тава за печење и одозгора убаво премачкајте ги со масло.
7. Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 10тина мин и потоа се вадат, повторно се премачкуваат со масло, се превртуваат странично, за да се рамномерно секаде печени и се печат уште 5 мин. Исклучете ја рерната и оставете ги внатре уште 5 мин.
8. Се послужуваат наросени со оригано.
Може да ги оставите цели или пресечени на 3-4 дела, ако ви е за послужување пред гости.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови