Ова е мој предлог за летна пица, македонска варијанта на пица Маргарита =)

Од сите состојки замесуваме помеко тесто и го оставаме да кисни. Го делиме на 4 дела и ги обликуваме во форма на круг.
Ги премачкуваме сите кругови со кечап, наросуваме оригано, ставаме урда и врз неа кругови домати. По желба може да ставите и листови босилек. Краевите на пицата ги посипуваме со сусам, попрскуваме со масло одозгора и ставаме во загреана рерна на 200 степени да се пече.
На здравје!

Забелешка - мерките се приближни, ставете по ваша желба помалку/повеќе фил.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови