Идејава ми дојде кога направив повеќе шпагети од што беше потребно, па неколку часа ми останале во тенџерето каде ги варев и се формирало т.н. тесто за пицата.
Најпрво ги вариме шпагетите во посолена вода во тенџере кое има приближно иста големина со тавата во која ќе ја печете пицата. Откако ќе се сварат го истураме вишокот од вода оставајќи на дното дел од неа. Оставаме така да отстои неколку часа, внимавајки шпагетите да се порамномерно распределени внатре за поестетска пица.
Потоа ја редиме и декорираме по желба и ја печеме 7 минути на 180степени.
Доколку сакате поголема пица, за повеќе луѓе зголемете на количината на шпагети и правете во поголема тава. По желба е и дебелината на таканареченото тесто.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови