Од наведените состојки за тесто се меси тестото и се остава покриено да скисни.

Потоа се сучи кора со дебелина од околу 1 см и со поширока чаша се вадат кружни форми кои се редат во намастен плех или обложен со пек хартија и се оставаат повторно да скиснат, па со мала ракиена чаша се прават вдлабнатини во средината.

Околу вдлабнатината се премачкуваат со разматена жолчка, а во средината се полнат со фил, кој претходно сме го спремиле така што саламата и сирењето или што и да сме одбрале сме го исечкале ситно на мали коцкички и сме го измешале со разматена белка. Јас ставив урда со моцарела мешано.
Одозгора се наросува оригано и ако има потреба сол, а на краевите сусам.

Се печат во загреана рерна на 180-200С околу 15на мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови