Наредете ги оризовите галети во рамна чинија.

Врз секоја прво ставете и размачкајте кечап или доматно пире или сос по избор.

Во средината ставете тенко парче салама или сувомеснати по желба.

Изрендајте го кашкавалот ситно и посипете врз секое парче.

Во средината ставете половинка маслинка и поросете со оригано, а на рабовите по малку сусам.

Ставете ги во микробранова на најсилно 2 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови