Јас пројата ја правам со шолјите за млеко, мислам дека се околу 300 мл.
1. Пенасто ги матиме јајцата, па ги додаваме останатите состојки. Рерната ја загреваме на 200 степени и во тава со големина по избор, обложена со мрсна хартија за печење ставаме дел од смесата како основа за пицата.
2. Основата не треба да е дебела, туку само да го покрие дното на тавата, бидејќи во текот на печењето малце ќе нарасне. Може да ја направите и подебела, доколку сакате подебело тесто.
3. Во загреана рерна на 5 минути го ставаме тестото малце да се запече. Потоа вадиме и ја редиме пицата по желба, па допекуваме уште 10 минути.
Јас правев само една пица, па затоа ми требаа само неколку парчиња кашкавал и печеница, а со останатиот дел од смесата си направив проја.
Од оваа смеса излегуваат 4-5 пици сигурно, зборувам за мала пица доволна за едно лице.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови