Редоследно измешајте ги со лажица или жица сите состојки.
Тавата (земете ја најголемата што ја имате со капак, барем 28 број, а ако имате 30 уште подобро) намрсете ја со масло и истурете ја смесата во неа. Подраширете ако има потреба, иако тестото е меко и лепливо.
Премачкајте со доматен сос тенко, а и пробајте да го избегните и да го ставите откако ќе се испечи, па наредете ја со шери, масликни, сувомеснато... што сакате или имате и одозгора обилно нарендајте со кашкавал.
Покријте ја тавата со капак и ставете ја на рингла со мала јачина, кај мене од 9 на 4.
Готова е кога кашкавалот убаво ќе се истопи одозгора, сепак некаде над 20 минути, па можеби и половина час отприлика.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови