Животот во странство, ти ги навраќа вкусовите од твојата кујна. Посебно, пак на вакви места, каде што нашата кујна, нема никаква допирна точка со оваа кујна. Тогаш, желбата те инспирира и те тера до пробаш да направиш баник, баш како што се приготвува по нашите краеви. Ова е мој втор обид, првиот беше со фета сирење и спанаќ и морам да признаам, дека како за прв пат и двата обиди ми беа успешни.
Најпрво пригответе го филот, така што ќе ги соедините шунката, кашкавалот, печурките и ориганото.
Потоа замесете го тестото. Во брашното додајте го квасецот и солта, па постепено замесувајте со водата. Измесете го добро тестото, се додека тоа не стане влажно тесто и не се дели само од вашите раце. Потоа, од тестото направете 6 топчиња, кои повторно ги месите добро.
Топчињата обилно и многу добро намрснете ги со маслото за јадење, оставете ги покриени со ќесе, да одморат околу 15 тина минути.
Потоа од секое топче, со вашите раце, на чиста покривка тегнете ја кората, се додека таа на стане проѕирна и тенка. Попрскајте ја кората со маслиново масло и доматно пире или кечап, наросете од филот. Исечете ги краевите од кората. Подигајте ја покривката од едната страна и така мотајте ја кората во ролат. Исечете ги повторно крајчињата и замотајте во форма на полжав. Баничките, ставете ги на плех обложен со хартија. Постапката повторете ја со сите кори. Печете ги во загреана рерна на 200степени околу 20 тина минути. Пред крајот, пропрскајте ги баничките со малку вода и вратете ги повторно во рерна да заруменат.
Од останатато тесто, јас не разлекувам повторно кори, туку го оставам во фрижидер да отстои еден ден, па најчесто од истото правам пишии или сега сум во мисла, да направам некој погачка.
Често користам маслиново масло, затоа што дава посебен вкус на јадењата. Внимавајте какво масло користите, на него треба да пишува дека е за готвење, екста вирџин не се препорачува за така, затоа што на високи температури ова масло оксидира и горчи.
Послужете со кисело млеко и уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови