1. Во сад за месење се става свежиот квасец, шеќерот, брашното и млаката вода. Се мати со жица и се остава да се активира квасецот.
2. Штом квасецот ќе стаса, се додава првин маслото, солта, па потоа постепено се додава брашното (просејано). Се замесува средно меко тесто.
3. Се рассукува кора дебела еден прст. Со калапче или чаша се сечат кругчиња кои се редат на набрашнета пластична табла и се оставаат да покиснат 20-тина минути.
4. Стасаните питуличиња се пржат во жешко масло на класичен начин и се ставаат во сад со кујнска хартија.
Се служат топли со сирење, јогурт, а може и со џем по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани