Ова е рецепт кој ни е еден од фаворитите за вкусен појадок.

Подготовка
1. Сите суви состојки ги ставаме во еден сад. Го додаваме и маслото. Замесуваме тесто со млака вода и млеко.
2. Се остава да нарасне дупло, да стаса.
3. За тоа време го рендаме кашкавалот и сирењето и сечкаме кромитчето со се зелениот дел. Ги соединуваме.
4. Тестото го размесуваме и делиме на 8 топчиња.
5. Секое топче го расукуваме на брашно и во средина ставаме од филот, го затвораме. Го превртуваме и на набрашнета површина го расукуваме. Така со сите топчиња.
6. На тавчето ставаме 1 лажица масло и го загреваме.
7. Ги печеме, секоја питулица од двете страни.

Пријатен појадок !

Забелешка
Во тестото не ставив повеќе сол бидејќи сирењето е солено. Пред да ја печеме за секоја питулица ставаме по 1 лажица масло на тавата да се загрее.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани