Мојот викенд појадок.
Кога сум дома, а не со работни обврски, наутро ќе си направам вакво задоволство кое го споделувам и со домашните. Тие иако не се хранат по принципите на хроно исхраната сепак е ова еден од поздравите оброци кој им е вкусен.

Подготовка
1. Сирењето го дробиме или гмечиме со вилушка, па му додаваме сув спанаќ. Соединуваме.
2. Брашната, солта, пецивото и куркумата ги соединуваме.
3. Ги додаваме киселата вода, водата и киселата павлака, па мешаме со лажица до соединување. Лесно го домесуваме тестото и делиме на 8 дела. Секое топче го расукуваме на дозволено брашно во мала форма, му ставаме во средина од филот, па го затвораме од сите страни.
4. Го превртуваме па нежно го расукуваме и го ставаме да се пржи на многу малку масло, во нелеплива тава.

Забелешка
Чашата е од 250 мл.
За пржење со масло ставаме колку да ни е намрсено тавчето, отприлика околу 1 лажица масло, за секој питулица.
Некои од питулиците ги пржев и без масло, само ги ставав во тавчето, кое е нелепливо и ги печев од двете страни. Тие што не се пржени на масло се познаваат, имаат брашно на нив.
Од оваа доза излегуваат 8 питулици.
Бидејќи се со интегрални брашна подготвени, заситуваат многу повеќе отколку кога ги правам со бело брашно. Така да две питулици ако се случи да изедам се чувствувам и прејадено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани