Прво се мие спанаќот, се зоврива во солена вода и се запржува со малку зејтин.
Корите ги делиме на два дела по 5 за секој ролат. Млекото и зејтинот ги мешаме заедно. Јајцата, павлаката со солта и пецивото ги матиме со миксер. Од оваа смеса тргаме на страна 3 лажици.
Земаме една кора, на неа ставаме од преливот од зејтин и млеко и со четка насекаде премачкуваме. Врз ова ставаме втора кора и ја повторуваме постапката. Истото го правиме и со третата кора.
Ставаме четврта кора и врз неа ставаме од филот од јајца и павлака.
Ставаме петта кора и пак премачкуваме со филот.
Рендаме 100 грама сирење и насекаде ставаме од спанаќот. Мотаме ролат и сечеме мали ролатчиња со дебелина од 2 сантиметри. Нив ги редиме во подмачкан плех. Истото го правиме и со останатите кори.
Секое парче одозгора го премачкуваме со филот и наросуваме сусам. Се печат на 190 степени додека не поруменат, а тоа отприлика 20 минути.
Од двата ролата јас направив 20 питички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови