Ова е една од оние вкусни и лесни есенски рецепти, од кои цела кујна ќе ви мириса на убавини! Комбинацијата на ровко тесто, јаболки, цимет и ореви и еднакво на совршенство!
Ваквиот тип на рецепти уште се викаат и мрзливи пити или лења пита со јаболки.

1. Првои изрендајте ги јаболките, ставете мед и зачини и оставете ги да пуштат вода и да се исцедат. Најдобро е да се стават во цедалка, а добиеното сокче е прекрасно за пиење.
2. Состојките за долното тесто ставете ги во сецко/мултипрактик и кратко промешајте, додека да се добие ситна песоклива смеса. Тестото кратко размесете го низ раце и формиратје топче. Ставете го во стреч фолија, а потоа во замрзнувач, на половина час.
3. Расукајте кора со големина на тавчето. Јас го користев калапот за колач на Делимано. Иако тавчето не се лепи, од практични причини, секогаш тестото го расукувам на хартија за печење, а потоа само го префрлам во тавчето.
4. Во исцедените јаболки, додадете ги мелени ореви и гризот и убаво промешајте. На крај ставете ги и сецканите ореви. (Може наместо мелени ореви да се користи презла). Распределете ги јаболките врз тестото во тавчето и притиснете ги малце.
5. Состојките за горното тесто ставете ги во мултипрактик и на кратко промешајте додека да добиете песокливо тесто. Наросете го тестото низ раце врз јаболките. Благо притиснете за да малце се залепат трошките тесто.
6. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени, околу 20тина мин, односно да зарумени кората.
7. Печената пита се остава малце да се излади во тавата и пота со помош на хартијата за печење, се вади и се посипува со шеќер во прав. Се сече на правоаголни штангли, со димензии по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови