Не си дозволувам многу често млечни производи во мојата хроно исхрана, па кога ќе си ги дозволам, си правам нешто навистина посебно и вкусно. Така ја креирав и оваа пита која е многу убава на вкус, а и многу заситува. Полнењето е по желба, а тестото е феноменално.
1. Во брашното се мешаат семињата, ориганото и солта.
2. Се прави мала вдлабнатина во која се става маста.
3. Се додава топлата вода и се замесува мазно и нелепливо тесто.
4. Тестото се дели на два дела.
5. Двата дела се расукуваат помеѓу два исечоци од растеглива фолија.
6. Едниот расукан дел од тестото оди на дното од тава за печење 28, се става филот на средина (мешавина од сецкан праз, сецкана сланина и урда), па втората кора.
7. Втората кора убаво се наплескува одозгора, се наросува сусам и питата се сече на парчиња.
8. Се пече во загреана рерна околу 30 минути, под надзор.
9. Кога ќе се испече, одозгора ќе добие убава кафеава боја и ќе се оддели од краевите на тавата.
10. Ако тавата не ви е нелеплива, обавезно премачкајте го нејзиното дно со малку маст.
11. Се остава да се излади барем 1 час пред да се послужи. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови