Оваа пита лесно се прави и не треба месење.
Во еден сад ги ставаме сувите состојки брашно, пециво, малку сол и малку шеќер.
Во друг сад матиме со вилушка три јајца, додаваме павлака и убаво промешуваме.
Јајцата со павлаката ги додаваме во брашното и мешаме тесто. Треба да испадне ретко тесто, ако не е ретко додадете малку млеко.
За филот сварете ориз и јајца.
Младото кромидче ситно исечкајте и додадете во туна.
Во намрсено тавче истурете половина тесто, на него ставете ориз, туна, сечени јајца, златна мешавина и прелијте со останатото тесто. Врз него можете да посипете сусам или нешто друго по желба, јас ставив ленено семе.
Печете на 250 степени околу 30 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови