Еден од најубавите начини да ги искористите тиквичките. Обично користам тиквички за мусака или ги потпекувам на тостер, но ова е дефинитвно врв! Питата е превкусна.

Подготовка

Прва смеса
Се мешаат маслото (100 мл) и јајцата во 250 мл јогурт.

Втора смеса
Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги тиквичките. Посолете и нека поседат да се подисцеди водата. Исечкајте го кромидот. Додадете сол, бибер, додадете околу 2 лажици масло и промешајте. Додадете ги ренданите тиквички.
Намрсете ја тавата за печење со масло, ставете една кора, напрскајте масло, ставете ја втората кора, нанесете од смесата со јогурт, додадете трета кора, пак нанесете од смесата со јогурт и ставете ја четвртата кора. Ставете од смесата со ренданата тиквичка над четвртата кора слој и посипете една-две лажици гриз. Потоа повторно ставете една кора, нанесете од мешавината од јогурт, додадете втора кора, повторно нанесете јогурт, а потоа на третиот слој додадете тиквички и гриз и така натаму додека не ги завршите сите кори.
Исечете ја питата на парчиња, ако ви останало од смесата со јогурт, прелејте ја одозгора, ако не, попрскајте многу малку масло,, нанесете сусам и оставете ја питата околу 20 минути да отстои.
Загрејте го рерната на 200 степени и печете додека не добие убава боја како на сликата, околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови