Како прво ги рендаме на крупно тиквичките, ги посолуваме и ги оставаме да пуштат течност. Спанаќот го миеме и ситно го сецкаме.
Путеротна тивко го топиме.
Трите јајца и 1 лажичка сол матиме кратко со миксер. Го додаваме фета сирењето и пак матиме со миксерот. Сега ги додаваме тиквичките исцедени од течноста што ја пуштиле, го додаваме спанаќот,стопениот путер,брашното измешано заедно со 1 пециво, и на крај го додаваме јогуртот. Матиме со миксерот на слаба брзина. Смесата ја ставме во плех( бр .26 округол плех),кој претходно сме го намастиле со масло и дното и страните. Ја поросуваме питата со сусам. Се пече околу 35 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови