Брза,вкусна и лесна за подготовка пита со тиквички.
Прво ја рендаме тиквичката, ја посолуваме, ја оставаме околу десетина минути да ги испушти течностите и ја цедиме.
Сирењето го дробиме со вилушка, ја додаваме павлаката и ситно сецканото нане. Во сирењето ја додаваме ренданата тиквичка.
Путерот го топиме.
Јајцето го матиме го додаваме маслото и млекото.
Првата кора ја ставаме на работна маса и со четка прво ја премачкуваме со путер па со смесата од јајце. Од горе ја ставаме втората кора и ја повторуваме постапката. Истото го правиме и со третата кора.
Врз третата кора го нанесуваме филот од тиквичка и виткаме ролат.
Ролатот го ставаме во плех обложен со пек хартија и го прмачкуваме со остатокот од путерот и со преливот од јајце.
Питата ја печеме околу 30 до 35 минути во загреана рерна на 180 степени.
Оставаме да се олади, сечеме и послужуваме со кисела павлака или кисело млеко.
На здравје!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови