Еден благ рецепт меѓу моите многу солени. :)
Подготовката почнува со замесување на тесто.
Брашното се замесува со подготвениот квасец (растворен во топла вода со лажиче шеќер). Се додава јогуртот и јајцето. Се замесува убаво меко тесто кое потоа се остава покриено да отстои околу 20-30 минути на топло.
Го правите пудингот според упатството на кесичката и се остава да се излади.
Бисквитите ги кршите, а чоколадите се рендаат,
Кога е стасано тестото, се развлекува една тенка кора со сукалото. Ја местите во тавата за печење и се пече само кората околу 10 мин.
Додека е топла, се нанесува пудингот еден слој, потоа кршените бисквити и ренданото чоколадо.
Се враќа уште малку во рерната да се стопи и соедини чоколадото. Не ја вклучувате рерната, само 2 минути додека уште е топла од печењето.
На крај се додаваат малините. Се остава да се излади за да се стегне пудингот. Може и во фрижидер да се стави за поубаво да се сече.

Бидејќи мене малку ми остана од ова тесто, јас си го зачував за друга пита.
На здравје свеж десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови