Брза и едноставна пита, добра идеја за појадок или вечера.
Се матат 4 јајца со 1 лажичка сол. Кон ова се додава брашното, пецивото, јогуртот, киселата вода, зејтинот, ситно сецканиот праз и ренданото сирење. Се мати се заедно и се сипува во плех обложен со пек-хартија. Се поросува со сусам одозгора. Се пече во загреана рерна на 200 степени 30 минути.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови