Вкусна пита, која одлично оди, во комбинација со кисело млеко или јогурт. Најпрво, пригответе го тестото. Замесете ги, водата, квасецот и солта и месете се додека не добиете мазно тесто. По потреба, додајте брашно, доколку сметате дека количината ви е малку. Поделете го тестото на 6 пупчиња и секоја пупка премачкајте ја во масло за јадење, покријте ги со кеса или најлонска фолија.
Потоа, пупките, оставете ги во фрижидер, да одстојат најмалку три часа. Моите стоеа цел ден.
Подготовка на филот
Ситно исецкајте го празот и заедно со сецканите маслинките и сецканите сушени домати запржете го. Откако ќе омекне, посолете по вкус и наросете мелен црн бибер. Трнете од оган, оставете да се излади малку, па во филот додајте едно јајце и измешајте се заедно.
Во друго тавче, на слаб оган, растопете ги заедно путерот и маслото за јадење. Во оваа смеса додате го и прашокот за печиво.
Секоја кора, со сукало се сука во правоаголна форма и истата ја правите поголема од големината на тавчето (моето е со големина 35 на 30), за потоа да ја наместите згужвана. На подмачкано тавче, најпрво се става првата кора. Врз неа, попрскувате со смесата од путер и масло, потоа се распоредува од филот, а врз филот се ренда од кашкавалот. Постапката се повторува, се додека не се потроши мастрафот. Од горе, на неколку места, со нож се прават отвори во питата и се попрскува со преостанатото масло и путер. Се наросува со сусам.

Рерната се загрева на 180степени, а додека се загрева оставете питата да се одмори. Потоа печете ја, околу 20тина мин. Оставете да се излади па послужете ја.
За посна варијанта, наместо путер, ставете маргарин и растителен кашкавал или доколку не ви е омилен, едноставно изоставете го.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови