Една идеа за појадок кој е многу вкусен
Млекото се загрева и во него се става квасецот и шекерот да стои 15 минути.
Во длабок сад се става брашното, јајцата и солта а потоа се додава и млекото со кавасецот и 2 супени лажици маслото.
Се промешува убаво да биде тесто погусто од тесто за палачинки.
Во тавче обложено со хартија се става половина од смесата врз тоа се рони сирењето и колбасите се сечат на парчиња,врз тоа се става и другата половина од тестото се посипува со сусам и се става да се пече на 180 степени од 25 до 30 минути.
При крајот од печењето се премачкува со една лажичка маргарин и се врака во рерна уште 5 мин.
Откога е печено се покрива со најлонска кеса и со крпа 3-4 мин да постои а потоа се сече на коцки.
Следниот пат кога ке ја подготвувам ке ја дуплирам дозата за да биде повисока или пак би ја печела во помало тавче пример број 20 .
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови