Тестото за подлога се развлекува да биде за 2 цм поголемо од тепсијата во која што ќе се пече питата. Вака развлечено се става во тепсијата, која што е обложена со харија за печење. Преку подлогата од тесто се ставаат лебните трошки, а преку нив крушките кои што претходно се исчистени, излупени и исечени на потенки кришки.

Потоа се додава сирењето кое што го дробиме со прсти и оревите. На крај се реди кромидот кој што е сечкан на тенки тркалца.

Јајцата и павлаката се матат со жица, се додава сол и бибер по вкус и со ова се прелева питата.

Се пече во претходно загреана рерна на 200 Ц, 30 минути или додека одозгора не добие златна боја. 10 минути пред да се извади питата од рерна, се посипува со толчени лешници и се допекува.

Печена, се остава најмалку 10 минути да се излади, а потоа се сервира.

Одлична е и топла и ладна!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови