Прво го чистиме и миеме спанаќот. Го потопуваме во вода која врие. За кратко го вадиме од водата и го запржуваме со малку масло. Вака приготвениот спанаќ го оставаме да се лади. Откако ќе се олади, се додава ренданото сирење. Ова ни е филот за питата.
Потоа во еден подлабок сад ги кршиме јајцата, додаваме 1 лажичка сол и кратко матиме со миксер. Кон ова ги додаваме јогуртот, минералната газирана вода, пецивото и брашното. Повторно матиме кратко со миксер (за да нема грутки). Смесата од јајца треба да е густа како смеса за палачинки, па ако е потребно може да се додаде уште брашно.
Плехот во кој ќе ја печеме питата, го намастуваме (и дното и страните на плехот).
Ставаме една кора. Врз неа додаваме од смесата со јајца и ја премачкуваме целата кора со силиконска четка. Врз ова додаваме друга кора, пак од смесата и така правиме со 2/3 од корите. Кога ќе бидат наредени 2 третини од корите, го ставаме филот од спанаќ и сирење. Продолжуваме со редење на корите додека не ги наредиме сите. И на најгорната кора се става од смесата со јајца. Се поросува со сусам. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови