Едноставна, посна и убава пита.
Прво го запржуваме празот исечен на ситно. Посолуваме и оставаме да олади.
Додека се лади празот, го приготвуваме филот за премачкување на корите. Во еден подлабок сад ги ставаме сите состојки за премачкување на корите и со миксер ги мешаме. Добиваме смеса со густина на јогурт.
Потоа го премачкуваме плехот со зејтин. Ставаме 1 кора. Одозгора ставаме 3 лажици зејтин и премачкуваме со силиконска четка. Ставаме кора и 3-4 лажици од филот за премачкување на корите и со четката премачкуваме насекаде. Повторуваме, ставаме друга кора , 3-4 лажици од филот и со четката премачкуваме насекаде. Така правиме со сите кори. Кога се наредени 2/3 од корите го ставаме оладениот праз насекаде. Продолжуваме со редење на корите додека се потрошат сите. Најгорната кора се премачкува со зејтин.
Питата ја сечеме, поросуваме со сусам и ја оставаме да одстои малку (10 минути).
Ја печеме 30 минути на 180-200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови