Веќе напоменав во рецепот за лудо тесто, дека со него направив повеќе рецепти, за да го испробам. Еден од нив е и оваа пита машкичка со сирење. Се подготвува едноставно, а е многу декоративна и децата ја обожаваат.

1. Тестото се обработува кратко на набрешнета површина. Потоа со помош на оклагија се развлекува во правоаголен облик.
2. Во средината ставаме дробено сирење, помешано со белка и го распоредуваме рамномерно.
3. Странично паралелно го засекуваме тестото со остар нож, во дебелина од 1 см.
4. Секое крајче го вртиме неколку пати како спирала и го префрламе врз филот. Така се до доле.
5. Со жолчката ја премачкуваме погачата и ја наросуваме со сусам.
6. Се пече на 200 степени, 10-15 мин, односно додека да зарумени.

Филот, односно полнењето може да биде по избор, со сирење и спанаќ, пица фил, со праз и урда итн. Јас ја одбрав наједноставната варијанта, односто со сирење, бидејќи така сакав во моментот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови