Компирите се варат,па се лупат.
Се пасираат и се додаваат жолчките и останатите состојки.
Се замесува меко тесто и се остава да стаса.
Кога е стасано тестото, се дели на топчиња и се сука кора.
Се сече парчиња и се оформуваат пирошките.
Ги полните со фил по ваша желба.
Јас ги наполнив со брокули и кашкавал.
Брокулата ја измив добро и ја оставив да се исцеди.
Ја ставив во сад и ја зготвив на пареа.
Ја искинав на мали парченца,  ја употребив за филување на пирошките заедно со кашкавалот.
Така спреманите пирошки, се валкаат во матените белки, потоа во презла и се пржат во врело масло.
Се вадат на кујнска хартија за да го впијат вишокот масло.
Кога кашкавалот ќе се растече и ќе се здружи со брокулата има предобар вкус.
Нека ви е на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови