Подготовка
1. Печурките ситно ги сечкаме и ги запржуваме на малку масло
2. Шунката и сланината ги сечкаме на мали коцкички, а кашкавалот на долги тенки лентички
3. Квасецот се остава со топлото млеко и шеќерот околу 10-тина минути да го зголеми волуменот (да стаса)
4. Брашното со малку сол, жолчките и стасаниот квасец се замесуваат во меко тесто и се остава тестото да одмори околу 20-тина минути
5. Тестото го делиме на 10 делови и секој од нив го рассукуваме во мала коричка, во неа ставаме фил од пропржени печурки и ленти кашкавал и шунка и сланина, ги завиткуваме по малку од страните колку да не излегува филот и ги роламе во ролнички
6. Се оставаат околу 20-тина минути да стасаат и потоа се пржат во врело масло за јадење
7. Се вадат од маслото на салфета да се исцедат и последните капки масло од пирошките

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани