Овој рецепт е од тефтерот со рецепти на мајка ми. Добар стар рецепт со кој и на најмладите домаќинки може да им успее.

Најпрво млекото се загрева да биде млако.
Во него се додава квасецот, едно лажиче шеќер и едно лажиче брашно, за да се зафати квасецот подобро. Промешуваме и го оставаме квасецот малку да отстои.

На страна во еден сад се просејува брашното со едно лажиче пециво, секогаш заедно ги просејувам за да излезе тестото повоздушесто.

На средина се прави дупка и се додаваат јајцата, маслото, солта, а потоа и стасаниот квасец. Замесуваме средно меко нелепливо тесто,(тестото да се одлепува од садот ). Доколку се лепи, зависи од брашното, се додава сосема по малку брашно и се меси се додека не стане убаво и мазно тестото.

Откако е замесено тестото се покрива со најлонска фолија и со кујнска крп. Се става на топло место за да се удвои тестото.
Откако ќе нарасне тестото го расукуваме во голема кора со дебелина од 5 мм.
Сечеме на ленти, а потоа на правоаголници или некоја друга форма, секој по желба.

Се оставаат пирошките да стасаат 15 минути.

Маслото се загрева и се пржат пирошките рамномерно со превртување од двете страни се додека не заруменат.

Пирошките се пржат на умерена температура,на пример кај мене на 2-ка од 4 .
Се ставаат на хартиена салветка за да се впие прекумерната маснотија.

Јас сега ги направив без фил, така ги сакаат дечкиве мои, но секој по желба може да си додаде сирење,пица фил и т.н.

Јас се заборавив од објаснување... !! Но се надевам дека добро ќе и послужи на некоја понова домаќинка во кујната.

На здравје !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела