Од внимателно селектирани компири, за брза и едноставна подготовка на ручек кој лесно се кобинира со разни додатоци. Кремасто и вкусно пире од компири.

Начин на подготовка на 120г пакување Инстант пире од компири:

500мл вода се зоврива со 1 лажичка сол. Садот се трга од оган и се додава 250мл ладно млеко. Потоа се додава содржината од ќесата и кратко се меша. Може да се додаде малку путер или маргарин. По една минута повторно се промешува.

 

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.