Ова јадење си го смислив самата денес, немав идеја што да ручам па искористив тоа што имав. Претходно сум подготвувала полнети пиперки со урда, ама во ваква комбинација првпат ги правам и сум воодушевена, превкусни се и посебни. Немав многу пиперки, имав само 5 па рецептов е за 5 пиперки со средна големина, сосема доволно за 1 човек.

ПРИПРЕМА

Измешајте ги издробеното сирење, со јајцето, ајварот и павлаката и со оваа мешавина наполнете ги пиперките.
Ставете ги пиперките во тавче со капак (користев Делимано тава со рачки и стаклен капак) со сосема малку масло да се испржат убаво од двете страни. Ќе им треба околу 20 минути до половина час.
Комбинирајте со исечкан домат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови