Кај нас фамилијарно, а и во повеќето битолски куќи ова што на други места го викаат пинџур го викаме макало и го правиме без модар патлиџан. Па така, гледајќи една друга верзија решив и јас да направам. Првично ми беше во план да го пробам по рецептот на Албетина, но склопот на околности и имагинацијата ми наведе еден друг начин.

Модриот патлиџан се печи, па се лупи и се толчи.
Пиперките се сечкаат и се толчат исто така.
Доматите се лупат, се дробат и се ставаат во поголема тава да пржат на умерена сила на ринглата.
По некои 5 минути се додаваат и пиперките и модриот патлиџан.
Сето тоа заедно се пржи уште некоку минути, па се тргна на страна, се посолува по вкус и му се додава изгмечениот лук.
Во помал сад се загрева маслото до пред вриење и со него се полева пинџурот, па убаво се меша.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови