Супер брз и лесен десерт, со кој можете да ги воодушевите вашите пријатели. Ова е полн погодок за оние кој го сакаат пинаколада вкусот!

За овој десерт, треба само да го подготвите кокос филот, а се друго е редење на слоевите.
1. Се мати шлаг кремот со домашното кокосово млеко
2. Потоа пополека се додава домашното маскарпоне, а може да се користи и кокосова павлака.
3. На крај ставете и од домашното кокосово брашно
Кокосовиот фил е подготвен!

1. Во чаша ставаме 2 лажици мелени бисквити.
2. Ги прелеваме со 1 - 2 лажици сок од ананас и редиме парчиња ананас.
3. Наросуваме со 1 лажица рендано чоколадо.
4. Врз него се става 2-3 лажици од кокосовиот фил.
5. Потоа се редат парчиња ананас и врз нив се става 1 лажица рендано чоколадо.
6. Повторно ставаме кокосов фил.
7. На крај, на горниот слој редиме парченца ананас, наросуваме со малце кокос, бисквити мелени и чоколадо.
И десертот е подготвен за уживање!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови