Едно од омилените летни вкусови за освежување ми е дефинитивно ПИНА КОЛАДА!
Имав дома ликер коктел пина колада и не можев да одолеам да не го искористам за некој супер десерт .... и нормално изборот падна на ледена торта!

1. Шлаг кремот изматете го со кокосово млеко. Додадете го и ликерот и се заедно изматете. Потоа и слатката павлака изматете ја и убаво спојте ги со лесно мешање.
2. Кон смесата се додаваат коцките ананас, чоколадото и кокосовото брашно и се заедно убаво се меша.
3. Ставете го во форма по избор и оставете убаво да се излади.
4. Пресечете парчиња по желба и декорирајте со парчиња ананас, чоколадни труготини или чоколаден прелив и малце наросен кокос.
Во комбинација со коктел ликерот од пина колада, ова ќе биде вистинско уживање!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови