1.Пилешкото филе исечете го на поголеми парчиња. Добро измијте го празот и исечете го на тркалца.
2.Месото и празот пржете ги на загреан путер.Кога се убаво испржени додадете го црвениот пипер,зачинот и малку сол и веднаш прелејте со 100 мл топла вода.
3.Оставете да се динста на тивок оган со постепено додавање на виното околу половина час.
4.На крај додадете ја киселата павлака и убаво измешајте.

Јадењево се служи топло,наросено со сецкан магдонос и најдобро оди со пире компир.
Добар апетит!!1

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови