Пилешкото месо се сече на ситни парчиња и се става во загреана тава со една лажица путер. Се пржи на средна температура. Откако добро ќе се испржи се додава соја сосот и слатко - луто сосот, се добро се измешува се додаваат зачините и се остава на помала температура покриено со капак околу 10 минути.
( доколку сакате погуст сос може да се додаде половина чаша вода со 1-2 лажици брашно )

Во меѓувреме компирот се лупи и се сече на тенки парчиња како за помфрит, се додава од зачините (сол,бибер,мешан сув зачин) и се пече на хартија за печење околу 35 минути во загреана рерна на 200 степени.
Се сервира веднаш после подготовката.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови