Прво ги сечиме пилешките гради на парчиња-ленти околу 5 сантиметри долги. Ги пржиме во тава со сончогледово масло. Го додаваме сенфот и зачините.
Ги миеме и шампињоните и на покрупно ги сечиме и ги додаваме во тавата со месото. Кратко ги запржуваме и нив. Содржината од тавата ја префрламе во огноотпорен сад. Налеваме вино, рендаме кашкавал и поросуваме одозгора со оригано. Садот го затвараме со неговиот капак и го ставаме во загреана рерна на 200 степени. Се динста додека му испари течноста и се стопи кашкавалот(отприлика 20 минути).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови