Пилешкото филе го сечеме на долгнавести парчиња, го зачинуваме и го ставаме да се пржи на тивок оган.
Во меѓувреме кратко ја вариме брокулата додека не омекне.
Неутралната павлака ја загреваме на оган до пред вриење и ја зачинуваме со сол и црн бибер. Потоа во павлаката го додавеме ренданиот кашкавал.
Во тавата во која ќе печеме налеваме малку масло па ги ставаме парчињата пилешко, меѓу нив ставаме брокула. Полеваме со сосот и ставаме да се пече на 200 степени околу 25-30 минути. Ја вадиме тавата од рерна, наросуваме со рендан кашкавал и оставаме малку да се олади па сервираме....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови