Често приготвувам пилешко со ваков сос.
Најпрво, пилешкиот стек исечкајте го на коцки од по три цм. Ставете го на тава и обарете го околу десетина мин. Значи потребно ви е многу малку вода и на тава со поклопен капак, подварете го малку местото.
Сите зеленчуци, претходно исецкајте ги на покрупни парчиња.
Во вок тава на малку масло, најпрво ставете ги оревчињата да заруменат. Потоа додајте го лукчето, кромидот и пиперката. Пропржете кратко, па во тавата додадете го пилешкиот стек. Потоа, додајте ги празот, брокулата и карфиолот. Поклопете ја вок тавата со капак и на умерен оган, пропржете се заедно околу 8 до 10 минути. За тоа време, во посебен сад, со жица за матење, соединете ги кечапот, сојата, лутиот сос и доматниот сок.
Сега овој сос, ставете го вок тавата и крчкајте, се додека сосот не се згусне. На крајот посолете по вкус, но препорачувам најпрво да пробате, дали потреба, зошто од самиот соја сос, јадењето мене ми беше доволно засолено.
Како прилог, јас користев варен бел ориз. Овој ориз е познат по името басмати. На загреано масло, кратко запржувам едно чешне лук и малку кромид и праз. Во него го додавам оризот и го пржам додека не добие златникава боја. Потоа, налевам топла вода и една коцка за супа, па поклопен така оризот го варам околу 10 мин. Потоа пет мин со отворен капак и на крај, зачинувам по вкус и го тргам од оган и повторно го поклопувам оризот и така го оставам околу десетина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови