Комбинацијата прокељ и морков, понекогаш и компир секако, откако ја пробав ми стана една од омилените кога сакам да го спремам прокељот и најчесто за мојот мерак тоа оди во некој кремаст сос. Овој пат на барање на домашните да се спреми пилешки стек, решив вака да го подготвам, да е побогат, па да има и за макање.

Најпрво се вари стекот, па се сечи на ситни парчиња.
Се вари и прокељот околу 5-6 минути претходно исчистен и морковот сечкан на поситни тркалца, па се цедат од водата.

Во тавче со малку масло се става сечканиот стек и се запржува од сите страни. Потоа се додава сечканиот млад кромид и подварените зеленчуци да подзапржат кратко, па се налева водата, се додава кајмакот и бешамелот. Се додаваат зачините по вкус и желба и се динста на намалена температура до посакуваната густина на кремот.

Се сервира топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани