Прво ги приготвуваме лепчињата за сендвичи (рецептот го има на мојот профил).
Сосот од портокал се приготвува на тој начин што сите состојки се ставаат во еден сад (тава со капак) и се оставаат на тивко да се приготвуваат.Сосот е готов кога ќе добие густина на мед.
Пилешките гради се сечат на стекови и се чукаат да се истенчат.Се зачинуват со сув зачин и црн пипер и се пржат на тивко.Кога се готови секој стек се става во сосот од портокал,.Од двете страни треба да има од сосот.
Сосот за премачкување на лепчињата се прави во еден помал сад(може и чаша),на тој начин што мајонезот,ситно сецканото кромидче,чили сосот и сокот од лимон убаво се мешаат.Лепчињата се сечат и се премачкуваат со сосот од мајонез.Врз сосот се ставаат тенко исечени домати.
Врз лепчињата сега се става пилешкото со нанесен сос од портокал на нив и се наросува сусам врз пилешкото.
Сендвичите се готови за служење.
Овие се омилени сендвичи на моите деца и топло ви ги препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови