Во касерола налеваме вода, додаваме малку сол и ги вариме копанчињата.
Од кога се сварени водата ја процедуваме, па го чистиме месото од кожата и коските.
На загреаното масло го пропржуваме ситно сецканиот праз, па додаваме сецкан морков и црвена пиперка.
Запржуваме некоја минута, ги додаваме излупените, сецкани црвени домати.
По желба може да се додаде од течноста во која се вареа копанчињата или истата јас ја искористив за подготовка на домашна супа.
Зачинуваме и оставаме на тивко да крчка, односно да почне сосот да се згуснува.
Пред сам крај го додаваме пилешкото исчистено месо, магдоносот.
Сега вака добиениот ручек го распоредуваме во две ватростални здели.
Редиме парчиња моцарела и го запекуваме во рерна околу 15 минути на 200с.
Послужуваме топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани